Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Природни науки 5, Прирачник

Фиона Бакстер,   Лиз Дили,   Џон Борд  




Оригинален наслов на книгата : Природни науки 5, Прирачник
ИСБН : 978-608-247-925-5
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 112
Димензии : А4
Корица : мека



Краток опис

За помош во учењето и подготовка за тестирања и натпревари

Македонското адаптирано издание на серијалот Природни науки 4-6 одделение е создадено во целосна согласност со адаптираната наставна програма за Природни науки донесена од Министерството за образование на Република Македонија, а неговите содржини се развиени и произлегуваат согласно општите и конкретните цели на оваа наставна програма. Дополнително, материјалот е надграден и со содржини што на учениците ќе им помогнат соодветно да се подготват за сите тестирања и учество на натпревари по предметот Природни науки. Во целосната подготовка на овој серијал (превод, адаптација и проширување на потребниот материјал) беше вклучен поголем стручен тим составен од универзитетски професори, наставници и практичари.

Прирачникот по природни науки во издание на „Кембриџ јуниверзити прес“ (Cambridge University Press), заедно со Вежбанката со наставни листови, претставуваат современо дидактичко помагало што им ја нуди сета потребна поддршка и на учениците и на наставниците. Прирачникот се користи на лесен и флексибилен начин, редоследно следејќи ги целите на наставната програма и поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во содржините за да ги развијат истражувачките вештини напоредно со тематското знаење.

Во Прирачникот има низа идеи за практични активности што ќе им помогнат на учениците во развивање на вештините за научно истражување, кои истовремено ќе ја запознаат и возбудата од научните откритија. Прашањата од деловите „Разговарајте!“ и „Предизвик“ можат да се искористат како појдовна точка за размислување, охрабрувајќи ги учениците да почнат научно да се изразуваат и да ги прошират своите знаења. Прашањата од делот „Провери го твојот напредок“ на крајот од секоја тема можат да се искористат за процена на разбирањето на сето она што било научено.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

28.02.2018 17:47:49   Anonymous напиша

Super!!