Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Вербариум: поезија

Ханс Карл Артман  




Оригинален наслов на книгата : Verbarium: Gedichte
ИСБН : 978-608-247-970-5
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 112
Димензии : 135х200
Корица : мека



Краток опис

Вербариум е стара јазична игра во која играчите треба да оформат колку можат повеќе зборови од претходно зададени букви. Оттука произлегува и мноштвото значења што ги има оваа збирка поезија. 

Напишана во периодот кога Артман е дел од Виенската група, „Вербариум“ се надоврзува на нивната структуралистичка употреба на форми, модели или кодови и нивното деконтекстуализирање како редимејд во нова средина. 

За Артман, формата вербариум е своевидна алузија на ботаничките хербариуми, но во јазичен контекст. Оттука, тој може да се толкува и како модел за подредување и класифицирање на нештата на ниво на јазик. Артман ги соголува зборовите од нивното значење во реален контекст и ги лоцира во вербариум, своевиден затворен сад за зборови. 

Збирката се состои од седум вербариуми, односно списоци на зборови, значења, асоцијации, без граматички или какви било други правила и е повеќе производ на интуитивна или математичка постапка. Самата список од списоци, збирката е и метавербариум, со што Артман постигнува повисоко ниво на формална игривост и мноштво од значења.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците