Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Краткиот чудесен живот на Оскар Вао

Џуно Диаз  




Оригинален наслов на книгата : The brief wondrous life of Oscar Wao
ИСБН : 978-608-229-955-6
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 320
Димензии : 145x205
Корица : мека



Краток опис

Добитник на Пулицерова награда за проза


Оскар, гето-бубалица со исклучително големи познавања за маргинализираната стрип, „гејмерска“ и нф-супкултура, но без никаков талент за приоѓање на девојка, го живее животот растргнат меѓу желбата да стане доминиканскиот Толкин и самотната реалност во која единствени пријатели му се оние што сакаат преку него да стигнат до неговата сестра. Иако израснати во Њу Џерси без татко и од строга мајка која нема четврто срце, Оскар и Лола се наследници на една историја коренито и неповратно подриена од страна на лудиот диктатор Трухиљо. Па, сепак, соочени со неизбежната трагедија на сопствените животи, тие пркосно се обидуваат од нив да извлечат убавина и љубов.


Долго подготвуван и уште подолго очекуван, Краткиот чудесен живот на Оскар Вао е првиот роман на популарниот, оригинален и критички уважен Џуно Диаз. Искрен и топол, трогателен и комичен, Краткиот чудесен живот на Оскар Вао е книжевен триумф, една од најдобрите книги напишани во текот на последната деценија.


Џуно Диаз е современ американски писател со доминиканско потекло, првиот книжевник од оваа островска земја со репутација на голем автор во САД. Истражувајќи ја двојноста на имигрантското искуство преку гласот на еден често присутен наратор со шпанглиски говор и селинџеровска присност, по само еден роман и две збирки раскази, Диаз веќе го има зацементирано својот статус на култен и обожаван автор – и меѓу читателите и меѓу критичарите.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците