Ружена, Клара, Елена, мама. И една семејна прослава на која сè е поинаку
или, пак, сè е онака како што треба да биде. Еден погреб на крајот.
Женските ликови на Јана Јурањова не можат да се жалат поради тоа што се
жени, кои и литературата многу често ги тегне за нозете. Жените се богомолки.
Или ги крадат мажите на другите жени или, пак, се вратот што ја движи главата,
иако многу добро знаеме дека е полесно да се придвижи што било,
отколку таа
глава. Преостанатите се богомолки.