Серијалот Хемија за основно образование на Арс Ламина
– публикации целосно
ја покрива адаптираната наставна програма по хемија за учениците во Република Македонија.
• Учебниците се одлично
илустрирани, забавни и лесни за користење, полни со активности, игри и дискусии
со цел учениците да бидат целосно ангажирани на сите нивоа.
• Програмата вклучува
стимулативни и активни начини за стекнување на научно-истражувачките вештини,
овозможувајќи активен пристап при изучувањето на хемијата.
• Експериментите и активностите
ги охрабруваат учениците да го истражуваат светот на науката на практичен
начин.
Ова издание на учебникот е адаптирано за учениците
во Република Македонија во целосна согласност со адаптираната наставна програма
по хемија, здружено развиена од Министерството за образование и наука на
Република Македонија и Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Содржините во
овој учебник се развиени и произлегуваат согласно општите и конкретните цели на
оваа наставна програма.