Серијалот
Хемија за основно образование на Арс Ламина
- публикации претставува дел од една
сеопфатна, лесна за користење програма, што вклучува добро илустрирани
учебници, корисни работни тетратки, како и дополнителни ресурси за
наставниците.
•
Учебниците се одлично
илустрирани, забавни и лесни за користење, полни со активности, игри и дискусии
со цел учениците да бидат целосно ангажирани на сите нивоа.
•
Програмата вклучува стимулативни
и активни начини за стекнување на научно-истражувачките вештини, овозможувајќи
активен пристап при изучувањето на хемијата.
•
Експериментите и активностите ги
охрабруваат учениците да го истражуваат светот на науката на практичен начин.
•
Работните тетратки им помагаат на
учениците со активностите на часот, а воедно ги охрабруваат на независна работа
и надвор од училиштето.
•
Заедно со учебникот, како
составна компонента на еден дидактички комплет, работната тетратка претставува
современо дидактичко помагало што им ја нуди сета потребна поддршка и на
учениците и на наставниците.
Ова издание на работната
тетратка е адаптирано за учениците во Република Македонија во целосна
согласност со адаптираната наставна програма по хемија, здружено развиена од Министерството
за образование и наука на Република Македонија и Меѓународниот центар за испити
на Кембриџ. Содржините во оваа работна тетратка се развиени и произлегуваат
согласно општите и конкретните цели на оваа наставна програма.