„Големи и мали животни“
е издадена во 1911 година,
а своето реиздание во Франција го доживува сто години подоцна, во 2011 година.
Андре-Еле е псевдоним на францускиот сликар,
декоратор, илустратор и писател на детски книги Андре Лаклотр, мајстор за
цртање животни во модернистички и наивен стил, колоритен и едноставен. Токму
тој уникатен и впечатлив стил во комбинација со кратките и едноставни приказни
за животните, ја чини книгата „Големи и мали животни“
еднакво интересна и за
децата и за возрасните.