Црпејќи од мемоари, дневници и
писма од тоа време, оваа моќна книга истражува како им било на војниците во
битките што ги водел Наполеон. Се занимава со улогите на артилеријата,
пешадијата и коњицата;
со маките и страдањата на ранетите; со тоа како се доаѓало до победите; со механиката на нападите на
пешадијата, на артилеријата и на кољицата; и со уште многу повеќе од тоа.
Рори Мјур е надворешен соработник на универзитетот на Аделаида. Тој
е автор ина Британија и поразот на Наполеон, 1807-1815, која е, исто така,
издадена од ,,Јејл Јуниверзити прес’’, и ја доби Првата награда што ја доделува Меѓународното
друштво на почитувачи на ликот и делото на Наполеон во 1997 година.