Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Од длабочините на заборавот

Патрик Модијано  




Оригинален наслов на книгата : Du plus loin de l’oubli
ИСБН : 978-608-259-323-4
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 120
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Патрик Модијано, добитникот на Нобеловата награда за литература во 2014 година, е автор на над триесет романи и еден од најзначајните современи француски писатели. „Од длабочините на заборавот“ е емотивна приказна за една љубовна афера на двајца талкачи.

Во оваа приказна, нараторот се враќа триесетина години наназад, во времето во кое ги напушта студиите, продава книги за да преживее и се запознава со необичниот пар Жерар Ван Бевер и Жаклин, и се вљубува во Жаклин. Тие бегаат заедно во Англија, минуваат неколку месеци заедно, сè додека еден ден таа не исчезне.

Петнаесет години подоцна, во Париз, тие повторно се среќаваат, но таа средба е само потврда на невозможноста на минатото. Минуваат само неколку часови заедно, а следниот ден Жаклин повторно исчезнува. И речиси петнаесет години уште подоцна, тој повторно ја здогледува, но овој пат од растојание што не се осмелува да го премине. Емотивна и силна, „Од длабочините на заборавот“ е необичен, нежен, меланхоличен и смешно-тажен приказ на современата љубов.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците