Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Нашиот хаос: семеен планер

Александра Симова  




Оригинален наслов на книгата : Нашиот хаос: семеен планер
ИСБН : 978-608-259-333-3
Година на издавање : 2019
Издавачка куќа : Скрипти
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 156
Димензии : 210х210
Корица : тврда



Краток опис

Почнете ја новата година со стил.

Запишете ги желбите, плановите и соништата на вашето семејство за следната година и размислете како да ги остварите. Со внесување на сите ваши состаноци, обврски, задачи и активности, како и со внимателно планирање на времето и на ресурсите, ќе можете полесно и поедноставно да се организирате и да имате вистински плодна година, вредна за спомени.

Суштински дел од овој планер е семејниот буџет. Без оглед на висината на вашите месечни приходи, многу е важно да ги планирате вашите финансии. Создавањето семеен буџет е суштината на задоволувањето на своите потреби и на надминувањето на можните финансиски тешкотии. Овој планер ви помага токму во тоа, и ви нуди месечен образец за следење и планирање:

·         Запишете ги сите извори на ваши приходи.

·         Потоа, наведете ги и сите месечни трошоци, дури и одењето на фризер. Бидете свесни дека не треба да се лажете себеси.

·         Одземете ги трошоците од приходите. Внимавајте на износот што ќе остане за одреден месец – немојте да го потрошите на неважни работи. Целта е да знаете каде ви одат парите.

По споредување на приходот со трошоците, многумина се збунети, бидејќи многу често се заклучува дека во одредени месеци тие трошат повеќе одошто заработуваат. Ова е важно прашање што треба да се реши да се постигне финансиска стабилност во иднина. Ова е значајно, затоа што на листата треба да се додадат трошоците што се заборавени. Семејствата кои сакаат да постигнат финансиска стабилност треба да направат цели за следните шест месеци. Важно е да воспоставите рутина на штедење, за што исто така имате пример во овој планер. Тоа е постепен процес што може да потрае. Но, не откажувајте се и останете според планот.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

27.02.2019 14:44:36   Ивона Богатинов напиша

ДОбар ден, Дали ке бидете во можност да и испратите дополнитени фотографии од внатрешноста на книгата. Бидејки сум заинтересирана за купување, но би сакала да видам и понекоја страница