Ричард е концертен пијанист со светска слава, кој добива стоечки овации
низ салите ширум светот. Секој негов прст од дланките е прецизно наштиман
инструмент, што танцува по клавијатурата и ја погодува секоја до последната
нота со истата прецизност.
Но, сега на Ричард му е дијагностицирана АЛС и целата негова десна рака е
парализирана. Загубата на дланката е како смрт, како загубена вистинска љубов,
како развод – неговиот развод. Знае дека следно е загубата на левата рака, а
потоа и другите делови на телото ќе ги губи, еден по еден...
Карина, пак, неговата поранешна сопруга, е парализирана од оправдувања и
страв, заглавена во нејзиниот неисполнет живот како учителка по пијано,
исплашена да тргне по патот што го напуштила во младоста. По игра на случајноста,
не сакајќи таа станува негова негувателка...
Потресна и моќна, „До последна
нота“ е мајсторско истражување на искупувањето и на она што значи да се
пронајде сопствениот мир во проштавањето.