За
Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една
работа – хиге.
ХИГЕ СЕ
ПРЕВЕДУВА НА НАЈРАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ОД УМЕТНОСТ НА СОЗДАВАЊЕ БЛИСКОСТ, ПРЕКУ
ПРИЈАТНА ДУШЕВНА УДОБНОСТ, ПА ДО ЦРПЕЊЕ ЗАДОВОЛСТВО ОД ПРИСУСТВОТО НА
СМИРУВАЧКИ НЕШТА. А МОЈОТ ОМИЛЕН ОПИС Е – КАКАО ПОД СВЕТЛИНА ОД СВЕЌИ...
Кога ќе го почувствуваш она
што се нарекува хиге, едноставно го
знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога
јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога
светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската.
А никој не може да ти биде
подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за
истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на
магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското
осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на
изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да
бидеш по-хиге.