Книгата ги осветлува
двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата,
субјективни и тешки за дефинирање, но многу проучувани, кои претставуваат
огромен дел од човековото искуство. Од
другата страна е физичкото функционирање и здравјето, што традиционално и
погрешно се разгледува одделно од емоционалниот живот. Двете приказни неизбежно
конвергираат за да го доловат човекот, во кој на неверојатен начин се
испреплетени психичкото и физичкото.
И, иако терминот психосоматика некои луѓе можеби си го
поврзуваат со замислена болест, овде ќе покажеме дека чувствата и мислите можат
да нè разболат или да нè излекуваат на мноштво начини, што дефинитивно не се
само „во нашата глава“.