Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Стаклен меч (Црвена кралица 2)

Викторија Авејард  




Оригинален наслов на книгата : Glass sword (Red queen 2)
ИСБН : 978-608-259-631-0
Година на издавање : 2019
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 384
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Крвта на Мер Бероу е црвена – иста како крвта на обичниот народ – но нејзината Сребрена способност, моќта да ја контролира молњата, ја има претворено во оружје што кралскиот двор сака да го има под своја контрола. Ја нарекуваат грешка, аномалија, но кога успева да избега од Мејвен, од принцот – кого го смета за пријател – кој ја изневерува, Мер открива нешто неверојатно: таа не е единствената со такви моќи и способности.

Гонета од Мејвен, кој сега веќе е крал жеден за одмазда, Мер се впушта во потрага по другите како неа, со црвена крв, но со моќи и способности што дури и ги надминуваат оние на Сребрените, за да ù се придружат во борбата против угнетувачите. Но, така Мер стапнува на една мошне опасна патека, каде што ризикува да се престори во исто онакво чудовиште какво што, всушност, се обидува да порази. Дали ќе се скрши под притисокот што го наметнуваат животите што треба да се жртвуваат по цена на востанието? Или, пак, предавството и изневерувањето на довербата ù го стврднаа и замрзнаа срцето засекогаш?



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците