Славена како една од
најголемите романтични трагедии напишана некогаш, Ромео и Јулија на Вилијам
Шекспир е трагична љубовна приказна за „злосреќните љубовници“, Ромео и Јулија.
Дејствието е во градот Верона, во Италија, а драмата се развива околу кавгата
помеѓу две богати семејства, Монтеки и Капулети. И покрај непријателството,
Ромео Монтеки и Јулија Капулети страсно се вљубуваат и во тајност се венчаваат.
Арно ама, проклетството на непријателството надвладува и сè се одвива ужасно
лошо.
Оваа
куса наративна верзија на драмата e прилагодена за помладите читатели. Децата
можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може
да се користи и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и
илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и
ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини.