„Ричард Трети“ е една од најпопуларните историски драми на Вилијам Шекспир. Се
случува во последните години од Војната на розите, кога првиот и последниот
крал од династијата Јорк владеат со Англија. Во драмата, грбавиот Ричард,
војводата од Глостер, копнее по тронот на брата си и ништо не може да го сопре
на патот до него. Тоа вклучува убиство, предавство и манипулации со семејството,
со пријателите и со непријателите, но во ова дело се и некои од најпознатите
реченици на Шекспир.
Оваа
куса наративна верзија на драмата e прилагодена за помладите читатели. Децата
можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може
да се користи и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и
илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и
ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини.