Роден на 15
април 1452 во Винчи, Италија, Леонардо да Винчи бил отелотворување на поимот
„ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги
истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар,
скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела
– што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на
безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во
италијанската ренесанса.
Oва
извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините
на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли
одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно
ќе дознаете и зошто.