Во музичкото образование спаѓа поучување и
учење музика. Музичкото образование ги опфаќа сите домени на учење, вклучувајќи
го и психомоторниот домен (развој на вештини), когнитивниот домен (стекнување
знаење) и афективниот домен (подготвеноста на ученикот да прима, да даде свој
„печат“ и да споделува што се учи).
Истражувањата покажале дека учењето музика
го олеснува учењето други предмети и ги зајакнува вештините што децата
неизбежно ги користат во други области.
Оваа „Музичка работилница“ содржи вежби и
активности според целите и содржините на темите во наставната програма за ова
одделение: пеење, свирење, запознавање со народното творештво, слушање музика
од домашни и странски автори, како и музика од сите народи кои живеат во нашата
држава.