Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Легендата за Сонливата долина

Вашингтон Ирвинг  




Оригинален наслов на книгата : The Legend of the Sleepy Hollow
ИСБН : 978-608-259-712-6
Година на издавање : 2019
Издавачка куќа : Либи
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 60
Димензии : 120х200
Корица : мека



Краток опис

Икабод Крејн е патувачки учител во Теритаун, гратче на холандски доселеници сместено во околината на мистериозната Сонлива долина, место што изобилува со приказни и легенди за вештерки и најразлични призраци. Една од нив е и приказната за Безглавиот коњаник, некојси хесиски војник, „кому топовско ѓуле му ја откинало главата во некоја безимена битка“ и кого мештаните одвреме-навреме го гледаат „како вјаса во темнината на ноќта, небаре го носи ветрот“. Овие приказни ја окупираат имагинацијата на учителот и неретко го плашат за време на самотните прошетки во ноќта.

Од друга страна, истиот тој Крејн се вљубува во локалната убавица Катрина ван Тасел, ќерката на најбогатиот човек во Теритаун, и почнува борба за нејзиното срце со Бром ван Брант, локалниот силеџија кој е, исто така, вљубен во неа.

Љубовта и мистеријата, призраците и скршените срца – тоа се темите што се вкрстуваат во оваа прекрасна готска приказна, што навистина вреди да ја прочитате!



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците