Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните

Владо Димовски ,   Јордан Јорданоски  




Оригинален наслов на книгата : Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните
ИСБН : 978-608-259-736-2
Година на издавање : 2020
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 224
Димензии : Б5
Корица : мека



Краток опис

Овој практичен прирачник е наменет за стручните работници во институциите што се занимаваат со артикулативно-говорна и јазична проблематика, за дефектолошките и филолошките образовни институции, за родителите чии деца имаат артикулативно-говорни тешкотии, за стручните работници од предучилишните воспитно-образовни установи, за работници што настапуваат професионално преку масовните медиуми, како и за секој љубопитен за оваа област.


При систематизирањето на материјалот тргнато е од специфичностите што се јавуваат при изговорот на секоја фонема. Користени се индивидуалниот и споредбениот приод. Овде е граден системот за секоја фонема одделно и споредбено во зависност од тоа која со која фонема може да биде заменувана кај децата. Материјалот е синтетизиран до функционално применување во исказ, песничка и приказна (поддржувано и самостојно).


Првото издание на оваа книга е објавено во 1995 година, но и до ден денес претставува еден од најупотребуваните практични прирачници во областа на артикулативно-говорна и јазична проблематика. По цели 25 години прирачникот излегува повторно од печат, преуредено и осовременето со нови илустрации, што одговараат за дадената (лексичка) положба на секоја од разработените фонеми.


Како дополнување на прирачникот, може да се користи сликовницата „За секоја буква приказна“ од Владо Димовски, достапен тука: 

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14359




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците