Нови авантури и нови
посетители во светот на госпоѓа Тркалезна. Еден ден Ирија, Бруно и неговиот коњ Полжав влегуваат во шумата и пристигнуваат до
еден необичен и чуден свет, каде што ги запознаваат госпоѓа Тркалезна и другите
ликови, кои ни се веќе познати од првата книга како госпоѓа Будалеста,
Зипирити, змејот наречен Грозоморен и многу други нови ликови.
Втората и
последна книга од серијата „Госпоѓа Тркалезна“ од Виржиниа де Кастро и Алмеида
е објавена во 1943 година. Исто како и во претходното дело, писателката им дава
предност на хуморот и на бесмисленоста што Луис Карол ги има прочуено со
својата „Алиса во земјата на чудата“. Виржиниа Алмеида е исто така способна да
вметне вистински историски настани. Во претходното дело раскажуваше за битките
од времето на последниот крал на Португалија, Афонсо Хенрикес, а во овој дел прикажува
историски и митолошки елементи од античка Грција, Римското Царство и др.
Ова е истовремено
и последната книга од серијалот и воопшто последната книга на Виржиниа де
Кастро и Алмеида, која починува во 1945 година.