Во оваа збирка
мала, Шарам барам што се вика, се
збрале триста чуда – цела сала: едно кутро утро, самотно и шутро; ТИ РЕКОВ и МИ
РЕЧЕ што се расправаат по цела вечер; видранката видра, што молска и болска;
едно ТУКА што сегде се сука; стоногалка везден што талка и нозе си валка;
светулка што светни-летни прави; зеленчуци никнати здрави; тешка жега за гуша
што стега; зелка што кошули си шие и една в друга ги крие; магла што без ветрот
е сè и што ли уште не, што ли уште не...