„Поларна светлина“ е првиот
том од трилогијата „Темната граѓа“ (оригинален наслов His
Dark Materials). Делото е напишано уште во 1995 година и е
добитник на многу награди, а од 2019 година е и критички и комерцијално успешна
серија на Би-би-си и Ејч-би-о. Денес, романите на Филип Пулман се сметаат за
модерни класици на детската литература.
„Без детето, сите ќе умреме.“
Лира Белаква и нејзиниот
дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на Колеџот „Џордан“ во
Оксфорд.
Судбината ќе ги однесе во
далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат
меѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство.
Невообичаеното и возбудливо
патување на Лира ќе има огромни последици, што ќе ги надминат границите на
нејзиниот свет...