За успешно совладување на процесот на пишување што детето го чека на
училиште, потребно е прво да се развијат фините моторни вештини на мускулите на
рацете и прстите (графомоторни вештини). Од тие причини, потребно е таа вештина
да се развие дома, многу пред детето да тргне на училиште.
Основната
намена на оваа Вежбанка за почетно
пишување е преку систем од графички и мануелни вежби подредени по тежина,
раката на детето постепено да се оспособи за изведување на координирани движења
и вешто да ракува со приборот за пишување, со што ќе се создадат предуслови за
полесно воведување на децата во техниката на пишувањето.
СО ОДОБРЕНИЕ ОД МОН ЗА УПОТРЕБА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА