„ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ СО ЛИНИСКИ СИСТЕМ“ од Ѓорѓи Делчев
За формирањето на правилни навики за пишување клучна улога имаат тетратките на кои ce пишува. На тоа ако ce додаде и фактот дека развивањето способност за читливо и убаво пишување, односно ракопис што ќе има лични особини е долг процес, произлегува заклучокот дека ученикот треба подолго време да пишува на воедначен начин за во догледно време да ce постигне бараниот квалитет во пишувањето.
Тетратката за почетно пишување е наменета за учениците за прво и второ одделение, чиј линиски систем е прилагоден на нашата азбука, како за печатните, така и за ракописните букви.
Линискиот систем овозможува правилно пишување на буквите, за разлика од постоечките тетратки со тесни и широки празнини.
СО ОДОБРЕНИЕ ОД МОН ЗА УПОТРЕБА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА