Змејовите
се навистина забавни и оваа книга е преполна со приказни за змејови од секаков
вид. Низ приказните нема да сретнете два исти змеја! Некои се толку големи што
можат да грабнат слон од зоолошка градина, а некои се толку мали што можете да
ги ставите во џеб; едни блујат оган, а други се направени од лед; некои се
чувари на богатства, а некои самите носат богатства, едни страшни и злобни,
други мили и добри... Но, сите без исклучок се дел од многу интересни, забавни
и поучни приказни.
Кој
се справува со сите овие змејови? Храбри херои, секако, а храбрите херои се
најчесто деца, најобични момчиња и девојчиња кои имаат бујна имагинација.
Покрај змејовите, тие мораат да се борат со подли принцови, алчни
градоначалници, а понекогаш дури и силни дождови и непредвидлив мориња – а низ
авантурите секогаш учејќи нешто ново!