Нашиот
најголем собирач и запишувач на народното творештво, Марко К. Цепенков, собрал
и запишал илјадници гатанки, поговорки, приказни и разни народни мудрости. Дел
од тие гатанки се поместени токму во оваа книга. Тие се дадени во изворен облик
– како што се запишани од Цепенков и со симболи на јазикот, во времето кога се создавани,
а потоа патот до одговорите е стихуван, од страна на познатиот автор за деца
Васил Мукаетов.
Во книгава децата-читатели
ќе бидат активни соработници, бидејќи тие самите треба да ги допишат одговорите
на стихуваните гатанки, кои ги има точно 99 на број!