Волкот изгубил речиси сè на патот до
зоолошката градина, вклучувајќи едно око и неговата сакана глутница. И момчето,
исто така, изгубило многу и видело секакви лоши нешта. Тие се гледаат око в
око, секој на спротивната страна од кафезот и лека-полека ги споделуваат своите
необични животни приказни...
Во зоолошка градина, се среќаваат еден
стар волк и едно африканско дете. Нивните очи ги раскажуваат нивните животни
приказни. За волкот, тоа е Алјаска и дивиот живот под закана на човекот, за
момчето, тоа е гладот во Африка и умешноста за опстанок...
„Окото
на волкот“ е необична и прекрасна приказна
за пријателството и за преживувањето...