Ангел
Тотевски, меѓу своите маалци и пошироко попознат како Шуре Катиљ, е прочуен
тепач од Ново маало. Прекарот го добива во кланицата каде што работи, оти
најбрзо од сите шури јагниња, ама и затоа што е катиљ по душа. Поради
проблемите што си ги навлекува со својот терсене карактер, еднаш завршува
претепан од милицијата и прибран во затвор. Единствено решение да го скроти
својот темперамент е да почне да тренира бокс. Тренирајќи напорно и посветено,
Шуре прераснува во боксерска икона на боксерскиот клуб „Вардар“ и гордост на
новомаалци.
„Боксерот“
е уште едно емотивно четиво на Владимир Плавевски, во кое преку приказната за
маалскиот кабадаија Шуре, ги преживуваме сите премрежиња низ кои поминале
луѓето во кобните 1962 и 1963 година во Скопје.