Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Прагматика: Јазик и комуникација

Марија Кусевска ,   Елени Бужаровска  




Оригинален наслов на книгата : Прагматика: Јазик и комуникација
ИСБН : 978-608-259-890-1
Година на издавање : 2020
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 240
Димензии : А5
Корица : мека



Краток опис

Прагматиката е релативно нова научна дисциплина која го проучува јазикот од гледна точка на неговите корисници. Запознавањето со прагматиката го продлабочува разбирањето за природата на комуникацијата и ја подига свесноста за начините на користењето на јазикот. Поимите и темите обработени во оваа книга се актуелни и се постапно и јасно претставени, а се користат примери од автентични ситуации во македонската средина. Затоа оваа книга, која е прва и засега единствена од ваков вид во македонската наука, нуди можност да дознаеме повеќе за нашата култура и менталитет, но и за начините на комуникација во нашето општество.


Книгата е наменета и за стручната и за пошироката јавност. Особено е корисна за студентите кои студираат јазици и други хуманистички дисциплини, но е соодветна за читање и за сите што се интересираат за јазикот и комуникацијата. Таа може да најде широка примена: на лингвистите ќе им помогне да ги определат рамките на нивните прагматички истражувања, а на обичните читатели ќе им појасни зошто некои работи ги кажуваме така како што ги кажуваме.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците