Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Дидактика на јазично подрачје

Јасмина Делчева Диздаревиќ  




Оригинален наслов на книгата : Дидактика на јазично подрачје
ИСБН : 978-608-267-019-5
Година на издавање : 2020
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 296
Димензии : 165х235
Корица : мека



Краток опис

„Во размислувањата за содржината на оваа книга, авторот – првенствено – ce водеше од потребите на наставната практика во основните училишта, како и од потребите на институциите што подготвуваат наставнички кадар“, забележува професорката Диздаревиќ во предговорот на оваа книга и додава дека „книга(та) ќе им користи и на родителите што ќе им помагаат на своите деца во учењето, како и на пошироката читателска публика чиј интерес допира до проблематиката на наставата по македонски јазик во основното образование.“


Книгата „Дидактика на јазичното подрачје“ од професор д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ не е само учебник наменет за идните педагози и наставници туку и дело за секој што сака да ги открие основните принципи на наставата по мајчин јазик. Напишана на јасен и разбирлив јазик, книгата може да им биде од корист како на професионалците, така и на лаиците; на студентите, на воспитувачите, на наставниците, но и на родителите.


Кога детето е подготвено да тргне на училиште? Дали описменувањето да почне со читање или со пишување? По кој редослед да се учат буквите? Како правилно да се употребуваат текстовите во букварот? Што има предност: гласот, зборот или реченицата? Кои методи за описменување се покажале како најефективни и најефикасни во теоријата и практиката? Ова се само дел од прашањата на кои ќе пронајдете одговори во оваа книга.


„Дидактика на јазичното подрачје“ ја следи Наставната програма по македонски јазик, пропишана од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука и согласно на тоа се движи според програмските подрачја: почетно читање и пишување, јазик, литература, изразување и творење и медиумска култура.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците