Оваа книга се занимава со македонската визуелна
„генетика" и ги истражува
македонските визуелни културни традиции во ера на брзи и драматични општествени
промени. Вековната борба за македонски
идентитет, како и барањето на македонскиот идентитет и културен „генетски“ код,
станува видлива со бурните општествени промени и револуционерните движења кон
крајот на 19 и во почетокот на 20 век, а се зајакнува со сувереноста,
самостојноста и независноста на Република Македонија од 1991 година и потребата
за определување на нејзината културна различност и идентитет во светски рамки.
Во постмодерната ера, во која царуваат глобализацијата, интернетот, социјалните
медиуми и визуелните комуникации, овој културен „генетски“ код ќе биде студиран
во рамките на визуелната култура, низ призмата на народната култура и фолклорот
(традиционален и урбан) од една страна и високата култура и уметност од друга
страна, но и преку полето на поткултурите кои се инхерентни за популарната
културa и медиумите, и меѓусебното испреплетување на сите овие форми во
современите визуелни комуникации.