Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Што ако...?, Прашања и активности за љубопитни умови

Мет Мури ,   Ендру Р. Мекхју  




Оригинален наслов на книгата : THE BOOK OF WHAT IF…? : Questions and Activities for Curious Minds
ИСБН : 978-608-259-198-8
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Либи
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 256
Димензии : 140х200
Корица : мека



Краток опис

ШТО АКО ПОСТОЕШЕ КНИГА ШТО ГИ НЕМА СИТЕ ОДГОВОРИ, ТУКУ САМО ПОСТАВУВА ПРАШАЊА?

Прашањето е нешто многу моќно! Империи се граделе и се распаѓале поради прашања. Прашањата поттикнуваат длабоко размислување и ја будат љубопитноста.

Страниците на оваа книга се полни со прашања. Смешни, егзотични, провокативни, па дури и одвратни! Не грижете се ако не ги знаете одговорите – бидете горди на тоа што сте доволно храбри да поставувате прашања за сè. Користете ја оваа книга како прв чекор во патувањето до границите на вашиот ум и свет. Прашањата, како и разговорите што ги поттикнуваат, можат да го променат светот – особено кога овие разговори се претвораат во активности, овозможувајќи им на децата како вас да замислат и да се впуштат во подобра иднина.

Што ако некоја книга не ви кажува само како да размислувате, туку ве охрабрува да размислувате со своја глава?

Сите големи, значајни активности почнуваат со прашањето: Што ако...? Што ако можевме да патуваме низ времето? Или да одиме во вселената? Што ако јадевме бубачки? Или ако броколи имаат ист вкус како чоколадо? Што ако можете да го промените светот кога ќе пораснете?

Книгата „Што ако...?“ не е како ниту една друга книга што досега сте ја прочитале. Оваа книга не ви кажува што да мислите, туку бара од вас да размислувате со своја глава. Нејзината мисија: да поттикнува љубопитност и истражување. Ќе ве натера да поставувате прашања сè додека не се изморите. Ќе поставувате прашања сè додека конечно не ги претворите своите идеи во активност – отворајќи прозорци кон светови за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со поставувањето забавни, отворени прашања, „Што ако...?“ ви овозможува да го земете кормилото во свои раце. А историските настани, забавните активности и одговорите на деца исти како вас само го продлабочуваат истражувањето.

Верувајте во моќта на „Што ако...?“


Оценка од корисниците

5 звезди

3

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
3

Коментари од корисниците