Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Песја прељуба

Велко Неделковски  




Оригинален наслов на книгата : Песја прељуба
ИСБН : 978-608-267-149-9
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 96
Димензии : 120х200
Корица : мека



Краток опис

„Вистинито ли беше неговото каење, или само маска од интерес? Човекот не е отворена книга со крупни букви, наизуст да го прочиташ. Луѓето, генерално, се повеќе користат шифрирани постапки. Често и сами ја забораваат сопствената лозинка. Жално“.

Народната мудрост вели дека песот е најдобриот пријател на човекот, дека неговата верност не познава граници. Но дали нашата верност е подеднакво голема? Дали човекот може да се пофали дека е најдобриот пријател на песот? Во денешно време, кога, луѓето се кријат зад маски за полесно да се измамат и да си наштетат едни со други, што може да направи еден пес, за да се заштити од оваа заразна дволичност и опасно лицемерие?

Во овој нов роман, Велко Неделковски се обидува да им даде глас на тие што се секогаш околу нас, без разлика на нашето однесување – истите тие за кои се грижиме, ги отфрламе, ги труеме, ги сакаме и ги мразиме. Со тоа не тера, на длабоко етички и хуман начин, да се запрашаме дали сме дојстојни за песјата верност.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците