„...оваа книга е синтеза на поучувањето и учењето, со голем акцент на учењето, што ја прави верен следбеник на насоките на активно учење како интенција на современата настава. Од тие причини, книгата „Од компетентност до комплетност: Водич за преживување за/на наставници“ на авторот м-р Киро Јорданов е модел на современ наставен практикум, а хрестоматскиот пристап што е застапен во книгата со право дава можност за силна препорака на сите што сакаат да бидат активни и иновативни партиципиенти во современата настава.“
Проф. д-р Снежана Мирасчиева