Случајна средба ги наведува
осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си
искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе
трае само еден час и ќе биде замислена.
Кога ќе помине тој еден час и
девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека
она што се случило меѓу нив изгледало совршено само затоа што тие се преправале дека е совршено. Моменти како
овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките.
Една година и една лоша врска
подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја
запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро
сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е
гаранција за нивното „среќни засекогаш“... тоа е само дополнителна закана.
Дали тајната од минатото ќе ја
загрози единствената шанса што ја имаат?