Оваа книга дава свеж поглед на моќта и
потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни.
Идејата потекнува од колумната насловена како
„Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената
интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на
угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи,
ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“.
Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е
голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги
собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си
благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното
ослободување.
Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што
да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е
толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.