Инспирирано од
вистинска застрашувачка приказна од родниот град на авторката во заедница каде
што ништо не е тивко – или безбедно – како што изгледа.
Животот на Кеси
Мекдауел во Минесота, во осумдесеттите години на 20 век, изгледа совршено
исполнет. Живее на фарма, го сака училиштето и е вљубена во најфиното момче во
одделението. Да, тука се и чудните забави на нејзините родители и нивната
парада од девијантни гости, но таа е навикната на нив.
Сè се менува кога некој ќе дојде на лов во
Лилидејл.
Едно по едно,
исчезнуваат локални момчиња. Едно по едно, тие се враќаат променети – насилни,
нерасположени и повлечени. Она што им се случило станува предмет на шокантни
гласишта. Обвинувањата кој би можел да е виновен растат толку диво, што на
површина почнуваат да излегуваат опасни тајни од градот. И сестрата на Кеси
поминува низ процесот на мрачни промени. Доколку сака да преживее, Кеси мора да
го најде нејзиниот пат во светот на возрасните каде што секој грев е оправдан,
а само вистината непростлива.