Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Втората месечина

Владо Димовски  




Оригинален наслов на книгата : Втората месечина
ИСБН : 978-608-267-357-8
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 120
Димензии : 120х200
Корица : мека



Краток опис

...и од под вода излезе втората месечина. За да има втора месечина, почитувани, треба да ги има и седумдесеттите години на минатиот век, треба да ве има и Вас во Долна Преспа. Авторот на оваа проза ги исполнува и двата услова. Замислете ги селата од овој дел на Македонија полни со млади луѓе. Сите населени места си имаа селски домови во кои секоја вечер имаше игранки. За забава беа потребни еден засилувач, неколку звучници и пристоен грамофон. Во време кога скопските девојки требаше да бидат дома пред 22 часот, моите долнопреспанки се прибираа по полноќ. Во време кога во другите места можеа да сонуваат дека ќе ја имаат најновата плоча од „Битлс“, ние ја вртевме со месеци. Плочите ни ги носеа нашинците кои доаѓаа од суровиот капитализам да си најдат партнерка, Македонка. Селските плажи?!... На врелиот песок задниците си ги топлеа и нашите, и дојдените убавици. Модна ревија без концепт и без сценарио. Нешто највозбудливо и преполно со колективна емоција беше летната фудбалска лига. Замислете го сега познатиот голгетер во овој летен котел. Исончан, надоен од самоуправниот социјализам и со црвен пасош во џебот. Можеби сте за едно ноќно капење во водите на Преспанското Езеро?!... Сигурно ќе се престорите во месечина?!... Девојко, вам ви зборувам! Две приказни за едно волшебно време, за големи љубови, за две втори месечини.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците