Близначињата
Матеј и Луна зимскиот распуст ќе го поминат на село, кај баба Вера. Токму на
денот на нивното заминување почнува да паѓа снег. Како и зимата да се радува на
распустот. Ја наметнува природата со бела, снежна покривка: бели се дрвјата,
бело е небото, бели се крилцата на врапчињата, бела е детската радост.
Прочитај ја
приказната и уживај во многуте активности заедно со Матеј и Луна, баба Цвета,
баба Вера и децата од селото. Цртај, бој, пишувај, решавај загатки, забавувај
се и можеби и ти ќе го слушнеш аплаузот на снешковците или ќе го видиш бувот
кој ноќе ги чува соновите на децата.