Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Ретинално одлепување: Принципи и практика

Даниел А. Бринтон,   Чарлс П.Вилкинсон  




Оригинален наслов на книгата : Retinal Detachment: Principles and Practice
ИСБН : 978-608-229-140-6
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 2315 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 280
Димензии : 175x253
Корица : мека



Краток опис

Третманот на ретиналното одлепување и неговите прекурсори се предмет на искуство и на лични предиспозиции. Во ова издание авторите, д-р Даниел А. Бринтон (професор на Катедрата за офталмологија при Универзитетот од Калифорнија) и д-р Чарлс П. Вилкинсон (професор на Катедрата за офталмологија при Универзитетот Џонс Хопкинс), по барање на Американската академија за офталмологија, инкорпорирале различни мислења и стилови сé со цел да им се помогне на лекарите во нивната практика, како и на специјализантите и на асистентите во донесувањето одлуки при третирањето на овие заболувања. Во текстот се дадени концизни прегледи на ретиналното одлепување, вклучувајќи негова патогенеза, третман и превенција, посебно акцентирајќи ги практичните совети. Дефинирани се различните видови ретинални одлепувања, нивната класификација и причинители, вклучувајќи предоперативни прегледи и профилактички процедури, хируршки зафати, можни компликации и крајни постоперативни резултати.
Од самиот наслов се забележува поделбата на двата главни дела: „Принципи“ и „Практика“. Во првиот дел се опфатени анамнезата, патогенезата, справувањето и дијагностицирањето на ретиналното одлепување со едно дополнително поглавје посветено на индиректната офталмоскопија. Во вториот дел се дадени препораки врз база на докажани третмани на ретинални пукнатини со дополнително поглавје посветено на пневматичната ретинопексија, склералното опшивање и витректомската хирургија. На крајот се сумирани предностите и негативностите од овие три процедури со даден алгоритам што го води читателот низ процесот на одлучување.
Ова дело е од голема помош за сите специјализанти од оваа област, а воедно и императив за сите што се занимаваат со третирање на ретината.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
4
0

Коментари од корисниците