Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот
братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на
летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за
магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од
волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во
одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но,
за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар.
Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните
смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка
војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.
„Хари
Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари
Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.