Тело за кое се смета дека е лицето И. Џ. ДРЕБЕР е
откриено сношти во празна куќа во Лондон. Нема очигледна причина за СМРТТА.
Неговата адреса е Кливленд, Охајо. Секоја информација е добредојдена.
По мистериозното убиство, полицијата е збунета, па
најпознатиот детектив аматер на светот е замолен да помогне во истрагата.
Заедно со д-р Вотсон, Шерлок Холмс тргнува во потрага за откривање на една
одмазда, која оди подлабоко од сите можни претпоставки.