Господине
– нашиот клиент, господинот Роберт Фергусон, ни се обрати во врска со ВАМПИРИ. Со
оглед на тоа што сме инженерска фирма, за жал темата не е некоја на којашто
можеме да дадеме стручно мислење. Можеби вие ќе можете да бидете од поголема
ПОМОШ.
Холмс и Вотсон се соочуваат со најчудниот случај дотогаш. Еден вознемирен
сопруг доаѓа кај нив да побара помош, очајно сакајќи да го разбере чудното
однесување на неговата жена. Таа е фатена на дело како ја цица крвта на
сопственото бебе! А сепак, вампирите се измислени, тие не постојат... нели?