Книгата
„Пештерите во Македонија“ е прва книга на македонски јазик што ги објаснува
одликите на пештерите на ниво адаптирано за младите читатели.
Во првиот
дел е дадено објаснување како се формираат пештери и пештерски украси, како и
потребната опрема за нивно истражување. Во вториот дел се опфатени седум
позначајни македонски пештери. За секоја пештера се изнесени спелеолошки
информации, факти за пештерската фауна и легенда поврзана за пештерата. Третиот
дел од книгата е забавен дел во кој преку интересни активности читателот
стекнува трајни знаења за подземните карстни форми.