„...со многу понизност ги
создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста
супстанција“, пишува Неруда. Голотијата што ја избира авторот намерно ги
одбегнува звучните и конструктивните рамки на класичниот сонет. Преку ова
своеволно скршнување, зборот пулсира и се ослободува од сликите.
Во „Сто љубовни сонети“, Неруда пее за Матилда Урутија. Овие стихови се
дефиниција за љубовта што ја негувал кон својата жена. Но, љубовта на која овие
сонети ù оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат
што ù овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот.