Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Меѓународна здравствена пракса: Ориентација заснована на случаи

Даниел Перлман,   Анаја Рој  




Оригинален наслов на книгата : The Practice of International Health: A Case-Based Orientation
ИСБН : 978-608-4535-77-5
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1597 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 288
Димензии : 150x235
Корица : мека



Краток опис

Оваа книга се појавува како резултат од петгодишната соработка меѓу издавачите и една неформална мрежа од НВО, фондации, развојни институции и општествени движења во Азија, Африка и во Латинска Америка. Бидејќи ниту една книга не може да биде сеопфатна, авторите направија стратешки избор на партнери и на приказни, раководејќи се од сопствениот етички компас. Сето тоа е направено со надеж дека читателите ќе го следат тој компас и по примерот на авторите ќе размислуваат свесно за комлексноста на етиката во нивната работа.
Проучените случаи во ова издание покажуваат колку многу може да се научи од иновациите, решенијата и од опитите чиишто пиноери се азиските практичари, африканските и латинскоамериканските. На тој начин се обелоденуваат искуствата на практичарите во јавното здравство со сите нивни дилеми и предизвици во текот на секојдневната работа.
Сето ова се постигна благодарение на авторите:
Даниел Перлман
, медицински антрополог со тридецениско искуство од разни здравствени програми во Азија, Африка и во Латинска Америка. На неговите курсеви при Универзитетот од Калифорнија се истражуваат општествените димензии на меѓународното здравство, неговото практицирање во светот и во етичноста на меѓународното здравствено истражување. Тој има работено како консултант за многубројни владини и невладини организации.
Анаја Рој
, продекан за меѓународни и за локални студии и вонреден професор за градско и за регионално планирање при Универзитетот од Калифорнија. Нејзината специјализација е од областа на меѓународниот развој. Во 2006 година ја добива Универзитетската награда за истакнати предавања, највисоката почест што ја доделува Универзитетот.
Во текстовите се содржани серија живописни описи од прва рака, во којшто ги презентираат критичните дилеми и предизвици со кои се среќаваат лекарите, епидемиолозите, здравствените работници и професионалците за јавно здравство од целиот свет. Освен за професионалците, оваа книга е преку потребно дополнување на литературата и за останатите сродни дејности, како и за креаторите на националните и локални политики.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

1

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
3,5
1

Коментари од корисниците