Како што
растеше Шила, така растеше и бројот на куклите што таа ги шиеше...
„Шила“ е топла
сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од
лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева.
Играта со ткаенините, со машината за шиење, со копчињата и со конците е
впечатлив, личен начин за изразување, но и за справување со емоциите кај
децата, различни и поинакви во однос на другите околу нив. Волшебниот свет на
Шила преку шиењето на сите попатни емоции низ растењето, нè води до зрелост и целосна исполнетост.
Правејќи кукли, Шила го крои и го шие светот по мерка на среќата кон која сите
се стремиме. Кругот на животот се свртува со безименото девојче на кое веќе
возрасната Шила му помага побрзо и полесно да стане тоа што сака.
„Шила“ е
книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста,
стрпливоста и самодовербата кај децата. Истовремено го реактуелизира чудесниот
подзаборавен свет на рачната работа.