Сега и филм на „Нетфликс“
со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и
неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема
ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден
детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс –
бизарен букет испратен во домот над-р Вотсон, што само таа забележува, означува
смрт. Енола мора што побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време
да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.
„Бизарните
букети“ е третата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од
веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во
Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.