„Ја отвори фиоката од работното биро. Пенкало и
хартија. Со кос читлив ракопис почна да испишува цели
страници текст. Имиња на нелуѓе кои изигруваат луѓе. Бројки на набавени и продадени опијати – кога,
колку, кому, сè. Прецизен опис на матни зделки, со список на
главните, но и поспоредни учесници. Имаше чувство дека го пишува својот тестамент.“
Најновиот роман на Велко Неделковски – „Токсични луѓе“, длабоко нурнува во
секојдневието на навидум обичните луѓе, семејства и приказни околу нас. Во
нашата земја, во нашето време. Ликовите во кои секој читател може да препознае
свој познајник или близок имаат матни сенки и сомнителни тајни што деструктивно
влијаат не само на нивните туку и на животите на сите околу нив. Опачината на
животот превртена пред лицето на модерниот, декадентен и токсичен свет.